Иницијална средба со граѓански организации за презентација на наодите од придонес кон Извештај за УПП за насилство врз жени и деца

Во текот на Декември, веднаш по настанот за презентацијата на придонесот кон Извештаи за УПП за делот насилство врз жени и деца, ја одржавме првата средба со граѓански организации каде се презентираа наодите од извештајот, но и се дискутираа заеднички чекори за адресирање на детектираните предизвици. Имено, тимот на Националната мрежа учествуваше во подготовка на Извештајот за Универзалниот периодичен преглед на човековите права за северна Македонија, заедно со 6 други организации, како грантисти на Институтот за европска политика – ЕПИ Скопје.


Придонесот кон овој извештај беше споделен со 17 претставници на граѓански организации на иницијалната средба, кои работат на полетот на родова еднаквост и женски права, како родово базирано и семејно насилство. Најсегнати од наодите и препораките пред сè беа организации кои обезбедуваат директни специјализирани услуги на жртви на насилство, како жени така и деца. Нивниот впечаток беше дека ваквите наоди се повторуваат во изминатите 2 до 3 го дини, и дека многу слаб напредок е направен во системот на заштита од насилство. Од нивните организациски проценки и извештаи, наодите се слични, особено во делот на воспоставување и финансирање специјализирани услуги за жени жртви на РБН и СН. Останатите организации кои работат на човекови права, најмногу родова еднаквост, истакнаа дека човековите права не се воопшто приоритет на државните институции и дека државата дава само декларативни заложби, а суштински промени не гледаме на терен. Особено во родовата еднаквост која започна да се уназадува со разгорувањето на антиродовите движења во изминатите 2 години.


Дискусијата продолжи во насока на влијанието на антиродовите движења врз родово базираното насилство и родовата еднаквост, особено законските решенија кои не се донесени од овие причини. Имено, антиродовиот наратив прави плодна почва за „нормализирање“ на насилството врз жени и непостапување на институциите со должно внимание од овие причини.

На првата средба беа договорени следни чекори и втора средба на почетокот на 2024г.

Оваа активност се спроведе со поддршка на Институт за европска политика (ЕПИ) како дел од шемата за регрантирање „Човековите права во практиката“.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската