Халк Банка ја продолжува поддршката на Интервентниот женски фонд

Во месец Мај со одржа првото #HalkMatinèe посветено на женското претприемништво, женската финансиска независност и рамноправност. На овој настан беа презентирани промотивните пакети на Халкбанк кои се специјално креирани за жени претприемачки. Исто така, беа претставени и креациите на повеќе македонски дизајнерки и дизајнери, кои се дел од Фустани со џебови.

Преку продажбата на овие креации, Халкбанк и оваа година оствари поддршка за Интервентниот женски фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

На настанот се обрати Ана Аврамоска Нушкова од Мрежата, како и неколку успешни претприемачки кои ги споделија своите искуства, успеси но и предизвици во бизнисот како жени.

Повторно се заблагодаруваме на тимот на Халкбанк за нивната поддршка за жените жртви на насилство, и ја поздравуваме нивната посветеност на ова прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската