Граѓанските организации како лиценцирани даватели на услуги – предизвици и можности

На 24 Јуни 2022г. во Х. Сити Парк-Скопје се одржа Панел дискусија на тема: Граѓанските организации како лиценцирани даватели на услуги – предизвици и можности, на која се дискутираше за предизвиците кои се соочуваат граѓанските организации (ГО) при обезбедување лиценца за давање социјални услуги, како и предизвици кои настапуваат по добивање на лиценцата.

Имено, со реформата на законот за социјална заштита во 2019г. Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги препозна ГО како потенцијални даватели на социјални услуги, по што почна да го спроведува и процесот на лиценцирање даватели на социјални услуги за што подготви и Правилници за начинот, обемот и нормативите за давање различни социјални услуги.

На 29-ти Април, 2022 год., МТСП донесе Одлука за утврдување на цените на социјалните услуги кои покрај жртвите на семејно и родово базирано насилство, опфаќаат и услуги за други ранливи категории: помош во домот, за вон семејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, на советување и одмена на семејна грижа. Согласно предвидените цени, неколку ГО реагираа на ниските износи предвидени од одлуката и алармираа на ризикот за неодржливост на услугите кои ги обезбедуваат. Поттикнати од ова, ја организиравме панел дискусијата за да увидиме кои се предизвиците, но и можности за унапредување на оваа состојба со крајна цел – обезбедување соодветна финансиска поддршка и одржливост на даватели на услуги за жени жртви на родово базирано и семејно насилство.

На панел дискусијата говореа Весна Матевска (Прв семеен центар/ ХЕРА), Нена Смилевска (ОЖС – Шелтер за жени жртви на РБН и СН), Наташа Петровска – Женски центар за поддршка Скопје и Јасмина Трајчева (ОЖО Свети Николе) како претставнички на ЖГО кои раководат со специјализирана услуга за жени жртви на насилство која не е лиценцирана од МТСП. Тие ги споделија постигнати резултати во изминатите  години, потврдувајќи ги квалитетот на овие услуги и неопходноста на истите за жените жртви на насилство. Во вториот дел од панел дискусијата говореа Билјана Јовановска (Отворена Порта), Хајди Штерјова (ХОПС) и Елена Димушевска (Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство), кои дискутираа за предизвиците за стекнување на лиценца за даватели на услуги, како и нискиот износ на средствата кои ги обезбедува МТСП за поддржа на овие услуги.

Заклучоците од дискусијата се следниве:

  • Потребни се измени на правилниците за лиценцирање на социјалните услуги;
  • Потребни се измени на методологијата за пресметка на цената на чинење на услугите;
  • Потребно е да се донесе одлука за цените на чинење на услугите кои ќе одговорат на трошоците на специјализираните услуги за жени и деца жртви на РБН и СН.

Оваа активност е дел од проектот „Советувалишта за жени и деца жртви на РБН и СН“, финансиски подржан од Балканскиот Фонд за Демократија, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на