Фросина Ивановска: Родово базирано насилство – како да се излезе од кругот на насилство, каква поддршка нуди државата?

За утринската програма на МТВ1, Фросина Ивановска зборува за големиот број на случаи на насилство врз жените, и фактот дека семејно насилство може да и се случи на секој жена. Иако само физичкото насилство е видливо, она што не се гледа е психичкото насилство, кое и потешко се препознава.

Жените кои што страдаат често не сакаат да го пријават насилството, па бараат помош и поддршка во женскиот центар… но сакаат да останат анонимни. Се почесто се зборува за насилството, и повеќе се информира во јавноста, а тоа придонесува да можеме подобро да ја видиме реалната слика и бројка на случаи на насилство врз жени.

За жал, институциите не постапуваат соодветно и еднакво во сите случаи. Секако, имаме добри примери и добра пракса на укажана помош и поддршка од надлежните институции, но често имаме и случаи кога тоа не е така. Тоа создава отпор кај жените да се повлечат, да не пријавуваат и да продолжат да трпат насилство.

Преземено од МТВ1.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската