Формирана Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

На 7-ми декември 2010 година, во хотел „Карпош“ во Скопје се одржа средба која го означи формалното формирање на мрежата против насилството врз жените и семејното насилство. На средбата присуствуваа претставнички од 21 НВОи кои делуваат во оваа област и кои воедно се основачи на мрежата.

На средбата беа усвоени клучните документи на мрежата: Принципите и стратешките цели и активности на мрежата, Правилникот за работа, Правилникот за конфликт на интереси и Правилникот за комуникација. Организациите основачи формално пристапија кон мрежата со потпишување на Пристапница за членство.

На овој настан му претстоеше повеќе месечен период на консултации и средби помеѓу НВОи на кои се дискутираа потребите и можностите за здружување на организациите кои делуваат во оваа област и креирање на еден ефикасен модел за нивно заедничко работење.

Во првите 6-12 месеци, Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство ќе делува како неформална мрежа. По овој период мрежата ќе се регистрира како правен субјект согласно со Законот за здруженија и фондации.

На завршната средба беше официјално избрана и Координаторка на мрежата, г-а Елена Димушевска од Македонскиот центар за женски права – Шелтер Центар, која во следниот период ќе ја координира комуникацијата и реализирањето на програмата и планот за работа на мрежата.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на