Европска Унија и Западен Балкан- недела за застапување

Од 09.11 до 19.11.2021 се одржа Недела за застапување, на која женските организации од Западен Балкан ги презентираат предизвиците со кои се соочуваат во своето работење и зборуваат за состојбата со родовата еднаквост и родово базираното насилство во своите земји. 

Повеќе од  20 претставнички од женски организации од 6 земји во Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија) земаа учество на овогодинешната Недела на застапување.

Земајќи ги во предвид статистиките, анализите и извештаите за состојбата со жените и девојчињата жртви на родово базирано и семејно насилство, како и наодите од извештајот за напредокот на Република Северна Македонија во спроведувањето на активностите предвидени во Националниот Акциски План за имплементација на Истанбулската Конвенција, претставнички од Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство застапуваа пред европратеници, известувачи за ЕУ, како и пред други релевантни чинители чија работа придонесува за подобрување на правата на жените и на родовата рамноправност во процесите на пристапување во ЕУ.

Една од организираните работи средби беше со Евиола Прифти и Виктор Тилеа кои работат во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, и се надлежни за следење на состојбата во Република Северна Македонија. На средбата беше презентирана состојбата во државата во однос на различните аспекти поврзани со родова еднаквост, правата на жените и родово базирано насилство.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската