Елена Димушевска: „Насилството врз жените не е приоритет за државата“

Во емисијата Студио 10 на ТВ24, извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Елена Димушевска, зборуваше за состојбата со насилството врз жени во Македонија, имплементацијата на Истанбулската конвенција и системските слабости кои ја оставаат заштитата на жените недовршена.

Повлекувањето од Истанбулската конвенција – алармантен сигнал

Димушевска предупреди дека повлекувањето на одредени земји од Истанбулската конвенција е показател дека насилството врз жените никогаш не било вистински приоритет:

„Конвенцијата поставува рамка за заштита, казнување на сторителите и превенција. Повлекувањето значи дека државите не сакаат да инвестираат во животите на жените.“

Македонија – ратификација без имплементација

  • Македонија ја ратификува Конвенцијата во 2017 година, но имплементацијата е минимална.
  • Националниот акциски план предвидуваше отворање советувалишта, но не беа алоцирани средства за нивно функционирање.
  • „Не можат донаторите да ја градат и одржуваат инфраструктурата за заштита. Тоа е обврска на државата,“ истакна Димушевска.

Превенцијата е во образованието, не во кампањите

Според неа, вистинската превенција не се сведува на кампањи и профилни слики, туку на образовен систем кој од најмала возраст учи за родова еднаквост:

„Децата мора да научат дека нема разлика меѓу мажите и жените во однос на моќта и можностите.“

Статистики што загрижуваат

  • Пријавувањето на семејно насилство е зголемено за 100% во последните 20 години – од 700–800 случаи годишно на 1500–1600.
  • Но, истражувањето на ОБСЕ (2019) покажува дека само 2% од случаите се пријавуваат.
  • Тоа значи дека реалната бројка е многу поголема и загрижувачка.

Недостиг на услуги и застарени модели

  • Во Македонија постојат само 60 кревети во шелтер центри, далеку под европските стандарди.
  • Шелтерите функционираат по застарен модел – тајни локации, одземени телефони, ограничено движење.
  • „Жртвите практично го ставаат животот на пауза. Нема психолошка поддршка, нема планови за реинтеграција,“ рече Димушевска.

Случајот на Росица Коцева – огледало на системот

Димушевска се осврна и на трагичниот случај на младата Велешанка Росица, која повеќепати пријавувала насилство, но заврши со фемицид:

„Секогаш ќе има поединци кои не постапуваат професионално, но тоа не смее да ги обесхрабри жртвите. Треба да зборуваме и за успешните приказни – жените кои успеале да излезат од насилството.“

Културата на молчење и вината во жртвата

Еден од најголемите проблеми, според Димушевска, е обвинувaњето на жртвата:

„Секогаш се бара вина во жената – што направила, зошто излегла во три по полноќ. Тоа е оправдување на насилството и заштита на угледот на сторителот. Но насилникот не е татко, не е доктор – тој е насилник.“

Целото гостување може да се погледне на линкот долу:

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: