Елена Димушевска на Топ Тема: Дали пресудите и пропишаните казни за родово базирано насилство се јасна порака за насилниците или пак за жртвите?

Елена Димушевска, Извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, гостува во Топ Тема на Телма Телевизија и зборува за последните случувања со 3-те фемициди кои се случија во Куманово и Кочани.

Во сите 3 случаи институциите не обезбедиле заштита на жртвите од фемицид. Полицијата објави дека имале пријави за претходно насилство, но истите не биле земени предвид. Нема информација за постапувањето ан Центарот за социјална работа. Дополнително, локално нема специјализирани сервиси за родово базирано и семејно насилство каде може да им се пружи помош на жртвите. Имаме само 2 функционални засолништа, и 10 советувалишта од кои ретко кое е функционално. Немаат простории, нема вработени лица и тимови кои работата со жените жртви, и не можеме да кажеме тие сервиси постојат бидејќи не функционираат. Поради тоа, нема можност да се понуди помош и поддршка на жените кои пријавуваат насилство, а со тоа и да ги заштита од фемицид.

Ова дело (фемицид во Кочани) е важно да биде квалификувано како родово базирано насилство, за да можеме да ја следиме статистиката на фемициди, и со тоа да планираме и креираме мерки и активности за подобра превенција на убиства на жени во државата. Но, јавното обвинителство ова кривично дело го квалификува како убиство на свиреп начин, иако сите елементи на родово базирано насилство се присутни и воочливи.

Во однос на превентивните мерки за заштита, се соочуваме со повеќе проблеми. Потребни се многу докази за една мерка да биде изречена, а жртвата не е секогаш во можност да ги обезбеди тие докази. Понатаму, продолжувањето на мерката и исто така тешко, поради бавност на институциите и потребата да се обезбедат докази дека самата мерка е прекршена. Самите мерки имаат цел да превенираат ново или идно насилство, а во овој случај, не е исполнета целта на изречените мерки.

Повеќе за 3-те случаи на фемицид погледнете во видеото подолу.

Приземно од Топ Тема на Телма ТВ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Загрижувачки наоди на последниот Извештај на Европската комисија за Р. Северна Македонија (2023) во делот за фундаментални права

Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, објавен на 8-ми Ноември 2023г., содржи низа загрижувачки наоди во повеќето поглавја. Особено важни се наодите и