Дводневна работилница со претставници од одделенијата за социјална заштита во Североисточен плански регион

Во соработка со Хуманитарно Здружение Мајка и Националниот Ромски Центар организиравме  дводневна работилница на која беа поканети претставници од одделенијата за социјална, детска и здравствена заштита од единиците на локалните самоуправи од општините од Североисточен плански регион. На средбата се дискутираше за обврските на локалната самоуправа во насока на унапредување на социјалните услуги за жени и деца жртви на РБН и СН во нивната општина. Понатаму, беа разгледани потребите и можностите за воспоставување на пристапни и достапни специјализирани сервиси за помош и поддршка на жртвите, како и можностите за обезбедување на нивна оддржливост преку меѓуопштинска соработка и заедничко финансирање.

Со учесниците беа споделени позитивните примери од нашата држава, за веќе воспоставени  сервиси  од овој тип, а кои се финансирани од локална самоуправа. Преку практични вежби се работеше на унапредување на општинските програми за социјална заштита, како и на социјалните планови на општините, односно се разговараше за можноста за вклучување на нова стратешка цел: спречување и заштита на сите форми на насилство врз жените и децата и семејно насилство. Од страна на водителите на работилницата беше презентирана разликата помеѓу општи и специјализирани услуги, потребата и минимум стандардите на Совет на Европа, видовите на специјализирани услуги кои треба да се воспостават, како и услугите за реинтеграција и рехабилитација кои се новина во Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство кој стапи на сила во мај 2021 година.

Учесниците ги споделија  и нивните видувања, искуства, проблеми и предизвици со кои се соочуваат и добија можност за вмрежување и подобрување на меѓуопштинската соработка во изнаоѓање на заеднички решенија.

Целта на работилницата беше да се зајакнат капацитетите на вработените во институциите  на локално ниво, во насока на превземање на водечка улога во развојот на социјални услуги, а со фокус на услуги за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жени жртви на насилство“, поддржан од Австриската Агенција за Развој (ADA), кој го спроведува ХЗ „Мајка“ и „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство“, поддржан од шведската фондација Квина тил Квина, а кој го спроведува Националниот ромски центар.  Двете организации се грантисти на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската