Два фемициди за неполни две недели се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство

Фемицидот е најекстремната форма на насилство врз жените и девојчињата и во најголем број случаи е последица на континуирано повеќегодишно семејно или интимно-партнерско насилство, и за жал, често застапен и во порите на нашите семејни заедници и општествениот систем во целост.

По објавувањето на вознемирувачката вест за вчерашното убиство на млада жена во Скопје од страна на својот партнер, за неполни две недели во нашата држава бележиме 2 фемициди, што укажува на апсолутната и итната потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици.

Ги повикуваме Министерство за Внатрешни работи, Основното Јавно Обвинителство и Министерство за труд и социјална политика на итно разрешување на случаите и покренување на соодветни постапки против сторителите. Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство постојано предупредува за зголемениот ризик од семејно насилство и интимно-партнерско насилство во услови на криза, и повторно апелира за итно и приоритетно постапување во случаите на насилство врз жени и деца од надлежните институции. Очекуваме кривична пријава и гонење на сторителот согласно законите и Истанбулската Конвенција.

Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ќе ги следи случаите, постапувањето на институциите и преземените мерки, како и секој случај кој вклучува насилство врз девојки, жени и/или нивните деца.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Несоодветната квалификација не ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство

Реакција на Платформата за родова еднаквост Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и