Донација на Symphony Solutions во Интервентниот Женски Фонд

Symphony Solutions, меѓународна ИТ компанија со канцеларии во Скопје, донираше 2000 евра во Интервентниот Женски Фонд. Со тоа, тие ја демонстрираа нивната посветеност и поддршка на родовата еднаквост и јакнење на жените во земјите каде делуваат, но и насекаде во светот.

Изразуваме голема благодарност до тимот на Symphony Solutions за нивната самоиницијативна акција во поддршка на жените жртви на родово базирано и семејно насилство, но и за препознавањето на Националната мрежа како клучен чинител во обезбедување заштита и поддршка на оваа особено ранлива категорија граѓанки.

Донираните средства преку Интервентниот женски фонд ќе се користат за жени жртви кои ја напуштиле насилната средина и се во социјален ризик, а имаат потреба од финансиска помош за режиски трошоци, кирија, набавка на храна и хигиенски производи, школски прибор на нивните деца, како и бебешки производи каде што е потребно и набавка на медицински производи.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавна реакција: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово

Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони

Регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE)

Во Сплит, Хрватска, од 9 до 11 април се одржа 26-та регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE), каде што се сретнаа претставнички од