Во интервју за Телма ТВ, Елена Димушевска зборува за сериозните пропусти во институционалниот одговор на семејното насилство и потребата секоја пријава да се третира со највисоко ниво на сериозност.
Таа нагласува дека клучна е навремената процена на ризик и итното изрекување мерки за заштита, но и дека благите казни и непостапувањето на институциите често доведуваат до трагични исходи. Димушевска повикува на одговорност и темелна истрага за секој институционален пропуст, бидејќи законите постојат – но мора и доследно да се применуваат.



