Димушевска за 24 Анализа: Сите до еден, кој не постапил – да одговара

По трагичните случаи на семејно насилство, неопходно е темелно да се испита постапувањето на институциите и да се утврди одговорност за сите пропусти во системот, посочува Елена Димушевска.

Според неа, обвинителството мора да ги покрене сите потребни постапки и да ги идентификува сите институционални пропусти. Доколку службени лица биле информирани за случајот и согласно закон и нивната работна позиција требало да постапат, а тоа не го направиле, мора да сносат одговорност.

„На крајот на денот не е важно зошто не постапиле. Факт е дека не постапиле и за тоа мора да бидат санкционирани“, истакнува Димушевска.

Таа нагласува дека општеството често декларативно зборува за „нулта толеранција за насилство“, особено за време на кампањите и јавните настани, но вистинската нулта толеранција мора да се покаже преку конкретни институционални реакции.

Според неа, системот за справување со насилството има две клучни компоненти. Првата е обезбедување сеопфатна заштита и поддршка за жртвите. Но подеднакво важен е и вториот аспект – санкционирањето на сторителите, како и одговорноста на сите институции кои не постапиле согласно закон.

„Со казнувањето на сторителите испраќаме јасна порака дека општеството не толерира насилство и дека секој кој ќе се обиде да изврши било каква форма на насилство ќе се соочи со последици“, вели Димушевска.

Таа предупредува дека начинот на кој институциите ги квалификуваат и процесираат ваквите случаи испраќа силна порака до јавноста. Доколку трагични случаи со изгубени животи се третираат со поблаги правни квалификации, тоа го доведува во прашање принципот на нулта толеранција и ја поткопува довербата во системот.

Затоа, според неа, неопходно е институциите доследно да ги применуваат законите и да обезбедат и заштита за жртвите и соодветна одговорност за сторителите, но и за сите оние кои не постапиле кога тоа било нивна законска обврска.

Преземено од 24 Телевизија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската

ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на