Димушевска: Пријавувањето на насилството е најтешкиот чекор – често значи почеток на нов живот од нула

Семејното насилство во Северна Македонија често останува непријавено, а одлуката жената да се обрати во институциите е една од најтешките што може да ја донесе, истакна Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во разговор за ТВ 24 во Студио 10.

Според неа, пријавувањето на насилството не значи крај на проблемот, туку почеток на долг процес – напуштање на домот, обезбедување средства за живот и грижа за децата. Поради економска зависност, страв и недостиг на поддршка, голем број жени се двоумат да го направат тој чекор.

Димушевска нагласува дека насилството често започнува со суптилни форми на контрола и изолација, кои тешко се препознаваат на почетокот. Дополнително, системот за заштита се соочува со сериозни предизвици – ограничени услуги за поддршка, мал број шелтер центри и долги судски постапки.

„Без силен институционален систем и вистинска поддршка за жртвите, тешко може да се очекува намалување на семејното насилство“, посочува Димушевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската

ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на