Битола, Могила, Новаци, Ресен и Демир Хисар во регионална финансиска поддршка за Женскиот центар за поддршка – Битола

13.10.2023: Во Битола, во присуство на новинари и локални медуими, се потпиша меморандум за соработка и финансиска поддршка на Женскиот центар за поддршка -Битола, раководен од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Целта е подобрување на заштитата на жени и деца жртви на родово и семејно насилство, преку поддршка на Регионалниот советувалишен центар во овој дел од државата и, да се обезбеди одржливост на центарот преку финансиска поддршка на локалната самоуправа.

Ова советувалиште првично беше воспоставено со финансиска поддршка на Општина Битола. Денес и општините Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен, препознавајќи ја важноста од овој вид на услуги за своите граѓанки, се приклучија во поддршката и неговата финансиска одржливост.

Советувалишниот центар е отворен во Декември 2022 година во Битола и обезбедува бесплатни и доверливи услуги за помош и поддршка на жени и деца кои се справуваат со било која форма на родово базирано и семејно насилство, без разлика дали насилството се случува во моментот кога жената бара помош, или пак се случило во минатото, но оставило последици и предизвици со кои жената тековно се справува. Центарот обезбедува советување за остварување на социјални права, психолошко советување и психотерапија, правна помош и поддршка, упатување и придружување до институции и други организации, како и кариерно советување и менторска поддршка за економско јакнење.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската