Бараме од надлежните институции да постапат по принципот на должно внимание за случајот со младата радовишанка

Откако во јавноста излезе веста за 24 годишна жена од радовишкото село Тополница која си го одзела животот во полскиот тоалет во дворот на семејната  куќа и притоа оставила проштална видео порака во која објаснува низ што се поминала во својот краток животен век, Националната мрежа против насилство вез жени и семејно насилство БАРА од надлежните институции да постапат со должно внимание и целосно да го истражат случајот земајќи ги во предвид сите околности и настани, посебно оние кои укажуваат на подолготрајното вршење на тортура и семејно насилство врз неа, а кои и биле причината за одземање на животот.   

Имено во прошталаната видео порака чиј дел од текстот го објави Слободен Печат  младата жена наведува дека била постојано вознемирувана,  од неколку мажи (чии имиња се наведени во самата проштална порака) и го наведува и името на мажот кој и дал непозната супстанца со која си го одзема животот.  Дополнително според анонимните искази на блиски роднини и соселани на семејството, младата жена со години живеела под притисокот на силната љубомора, контрола, доминација и заклучување во куќата од страна на нејзиниот повозрасен сопруг, а единствено излегување од куќата и било само во придружба на сопругот и тоа да посети лекар или за породувањето.

Иако има индиции и укажувања за насилство врз неа, сепак по добиените информации од Центарот за социјална работа дадена е изјава дека семејството не било корисник ниту на права од социјална заштита ниту пак е регистриран некоја пријава за семејно насилство. Истите податоци се добиени и од МВР.

Млада жена која според информациите со кои располага Слободен печат била од 13 години во заедница со сопругот, која секој ден е заклучувана и контролирана од страна на него,  немала никаква можност да го пријави сторителот до ниедна од горенаведените институциите. Според истражувањето кое го спроведе ОБСЕ за благосостојбата на жените во нашата држава, податоците се дека семејното насилство во сите форми е широко распространето кај нас, но само 2% од жените кои доживеале насилство од сегашен партнер, го пријавиле во полиција.

Во конкретниов случај,  закопот на младата жена бил направен веднаш следниот ден, каде поради недостаток на докази (!!!)  за насилна смрт не е направен преглед и обдукција на починатата,  уште повеќе го крева АЛАРМОТ за ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ НА СИТЕ ИНСТИТУЦИИ, особено надлежното ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, и откривање на вистината која стои зад оваа трагедија. Дополнително, ОЧЕКУВАМЕ да се преземат сите мерки за заштита на нејзините деца и обезбедување на соодветна помош и поддршка за надминување на траумата која ја доживуваат со губитокот на мајката, а секако и траумите кои ги преживеале растејќи како сведоци на насилството кое било вршено врз нивната мајка.  

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена