Аврамоска-Нушкова: Фрапантен е бројот на убиства на жени, Македонија е меѓу првите во Европа

Бројот на случаи на насилство и убиства на жени во земјава е загрижувачки висок и покажува сериозни системски проблеми во заштитата на жртвите, предупреди Ана Аврамоска Нушкова од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk.

Таа посочи на неколку трагични случаи што ја потресоа јавноста во изминатиот период, нагласувајќи дека дел од жените биле убиени во сопствениот дом, што, според неа, покажува колку е сериозен проблемот со семејното насилство, објави 4news.mk

„Ја имаме Сузана во Кавадарци која беше убиена во сопствениот дом. Ја имаме Рамајана во Шуто Оризари која исто така беше убиена во својот дом. Имаме и други случаи – жена во Штип, како и случај во Гостиварско каде жена беше пронајдена закопана и полуизгорена“, изјави Аврамоска-Нушкова.

Таа го спомена и случајот во Куманово, каде, како што рече, жена била погребана без извршена обдукција, по што по еден месец била направена ексхумација и дополнителна анализа која укажала на насилна смрт.

Аврамоска-Нушкова наведе и други случаи, меѓу кои жени од Кочани и Штип, нагласувајќи дека бројките што ги имаат организациите кои работат со жртви на насилство се алармантни.

„Фрапантна е бројката на податоци што ги имаме. Тие покажуваат дека сме трети во Европа, што е сериозен сигнал дека мора да се размисли и да се преземат конкретни мерки“, истакна таа.

Според неа, потребна е посериозна институционална реакција и подобра заштита на жените кои се жртви на семејно насилство, со цел да се спречат нови трагедии.

Преземено од 4news.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: