„Секоја трета жена и девојче над 15 години во Северна Македонија има доживеано некаква форма на сексуално вознемирување или насилство“, изјави Ана Аврамовска Нушкова, проектна координаторка во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Таа посочува дека официјалните податоци укажуваат на исклучително висок процент на жени и девојчиња кои се соочиле со сексуално вознемирување, иако многу мал дел од случаите се пријавуваат во институциите. Како главни причини за непријавување, Аврамовска Нушкова ги наведува социјалниот притисок, недоволната едукација и ниската доверба во институциите, поради што жртвите често не го препознаваат насилството или не се охрабруваат да го пријават.
Според неа, патријархалните норми и родовите улоги дополнително придонесуваат за нејасно разбирање на поимот согласност, при што многу жени чувствуваат притисок да прифатат несакано сексуално однесување од партнерот и често не го препознаваат како форма на насилство.
Аврамовска Нушкова истакнува дека, иако повеќето земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, ја имаат ратификувано Истанбулската конвенција, официјалните статистики сè уште покажуваат пораст на родово базираното и сексуалното насилство. Ова, како што нагласува таа, ја потврдува потребата од засилена превенција, подигање на јавната свест и подобра институционална заштита и поддршка за жртвите.
Преземено од kosovo-online.com
Целиот текст може да се прочита на следниот линк.



