Отворивме нaционална линија за позитивно родителство

Родителството е прекрасно.

Родителството е предизвик.

Родителството се учи.

Со цел да обезбедиме помош на родителите и старателите во нашата земја, во нивното остварување на родителската улога, а со тоа и да го поддржиме правилниот раст и развој на децата, во партнерство во УНИЦЕФ  ја отворивме бесплатната Националната линија за позитивно родителство.

Телефонската линија за позитивно родителство 075/230-530 е отворена од понеделник до петок (15:00 – 20:00) часот. Таа обезбедува анонимна, доверлива, бесплатна и лесно достапна помош и поддршка за сите родителите/старатели и членови на семејството кои се вклучени во грижата и воспитувањето на детето/децата.

Со јавување на линијата, корисничките/корисниците можат да добијат:

-низа совети од стручните лица за позитивно родителство со цел да се унапреди врската родител-дете;

-поддршка и алатки за надградба на родителските вештини и самодоверба;

-помош за подобро разбирање на сопствениот родителски стил;

-сеопфатно насочено советување и секојдневно следење на постигнатиот напредок заедно со советниците;

-советување на родителите и старателите за подигање на децата во сигурна и грижлива семејна средина;

-практични совети за соодветно одговарање на бихевиоралните и емоционалните потреби или промени кај детето (од раѓање до адолесценција), но и како адекватно да се одговори на секојдневните предизвици, а со тоа да се придонесе кон превенција од непосакуван развој во односот родител-дете, како и превенција и заштита од сите облици на насилство врз деца.

За повеќе содржини поврзани со позитивното родителство следете нè на нашиот Фејсбук профил, или јавете ни се уште денес на 075 230 530.

Тука сме за вас!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската