Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија.
Опис на позицијата и работни задачи:
Проектниот/ата координатор/ка е одговорен/на за:
- целосна координација и спроведување на проекти;
- техничка и логистичка поддршка на сите аспекти на проекти;
- спроведување на процес на субгрантирање локални женски организации;
- координација и соработка со внатрешни и надворешни експерти, ангажирани за потребите на проектите;
- организација и учество на состаноци со релевантни чинители на регионално, национално и локално ниво;
- организирање и логистика на обуки за професионалци од релевантни институции и граѓански организации на локално ниво;
- организација и логистика на состаноци со партнери на национално ниво;
- координација на кампања за видливост на социјални медиуми, координација и соработка за подготовка на визуелни материјали со ангажирани лица;
- подготовка на извештаи, пропратни документи и документирање на средствата за верификација на спроведените активности и индикатори;
- следење на буџетското трошење за да се обезбеди ефикасност на проектните буџети;
- следење објави и известувања во медиумите во врска со насилство врз жени и деца и семејно насилство;
- следење објави за предлог проекти и подготовка на нови проектни апликации;
- извршување други задачи во согласност со потребите на организацијата.
Критериуми за избор:
- Завршено високо образование;
- Напредни познавања на работа со компјутери (Microsoft office);
- Најмалку 3 години работно искуство во граѓански сектор и во раководење на проекти;
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
- Изградени способности за тимска работа;
- Добро изградени организациски и комуникациски вештини;
- Кандидати/тки кои се динамични и самоиницијативи.
За предност ќе се смета:
- познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, родово базирано и семејно насилство врз жени и деца, човекови права, познавање на меѓународна и национална легислатива поврзанa со насилството врз жени и деца и семејно насилство;
- искуство во застапување и работа со релевантни чинители на национално и регионално ниво;
- образование во некоја од овие области: социјална работа, психологија, хуманистички науки, право, или други сродни професии;
Потребни документи:
- скенирана копија од дипломата за завршено образование;
- кратка биографија на македонски јазик;
- најмалку една препорака од претходните работни места.
Услови за позицијата:
Позицијата предвидува полно работно време од 40 часа неделно. Позицијата е на определено време и вклучува пробен период од 3 месеци. Висината на надоместокот се движи од 70 000 до 90 000 денари во бруто износ и ќе биде точно дефинирана во зависност од претходното искуство на кандидатот/ката. Позицијата е со физичко присуство во просториите на извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Пријавување:
Заинтересираните кандидати/ки треба да ги испратат потребните документи по електронски пат на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 10.10.2026г. до полноќ со назнака „Конкурс за проектна кооринаторка“.
Кандидатите/ките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидати/ки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.



