Одржана трета обука за застапување за превенција и заштита од родово базирано насилство за грантисти

Од 17 до 19 јуни 2025 година, во Хотел Кета – Маврово се одржа третата обука од циклусот за градење капацитети на локалните организации членки на Мрежата и субгрантистите, на тема „Застапување за превенција и заштита од родово базирано насилство и справување со уназадувањето на родовата еднаквост и правата на ЛГБТИ заедницата“.

Обуката беше наменета за претставнички на локални граѓански организации кои работат на превенција и заштита од родово базирано насилство, со цел зајакнување на нивните знаења и вештини за застапување на локално ниво.

Тридневната обука ја водеа Ана Аврамоска Нушкова и Елена Димушевска, а програмата опфати теми како што се:

  • основи и видови на застапување,
  • процес на креирање јавни политики,
  • изработка на план за застапување,
  • подготовка на алатки за застапување,
  • комуникација со јавноста и целните групи.

На обуката учествуваа 16 претставници од 7 организации:
Здружение „КОРТЕКС“ – Тетово, Центар за Еднакви Можности „Бубамара“ – Гостивар, Рурална коалиција – Кичево, „АКВА“ – Струга, Станица ПЕТ – Прилеп, Хуманитарно здружение Мајка – Куманово и Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари.

Учесничките активно учествуваа во дискусиите и практичните вежби, со што дополнително се зајакна нивниот капацитет поорганизирано и поефективно да застапуваат за заштита на жртвите на насилство во своите локални заедници.

Обуката заврши успешно и претставува важен чекор во процесот на зајакнување на локалните организации и нивната улога во унапредување на политиките за превенција и заштита од родово базирано насилство.

Оваа активност е дел од проектот „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со ХЕРА, Коалиција Маргини и Реактор – Истражување во акција.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: