Мерки за заштита и поддршка за жртвите на семејно и родово базирано насилство

Семејното и родово базираното насилство, со фокус на жените и децата како најчести жртви, претставува сериозен предизвик за нашето општество. Во нашата држава, забележан е пораст на случаите на родово насилство врз жените, вклучително и сексуално насилство на интернет, што укажува на потребата за построги мерки за заштита и санкционирање на сторителите.

Ана Аврамоска Нушкова гостуваше во Слободен печат и зборуваше на оваа тема.

Министерството за правда отвори комисија за финансиски надоместок на жртви на кривични дела поврзани со насилство, со што се овозможува жртвите да добијат обештетување од државата. Законот за надоместок е во сила веќе една година, но за целосна имплементација потребно е да се обезбеди функционалност на комисијата. Со овој закон ќе се олесни и убрза процесот за поднесување барања од страна на жртвите, бидејќи на овој начин нема да биде потребно да се чека правосилна пресуда – доволно е настанот да биде пријавен во полицијата и во јавното обвинителство, по што жртвата може да поднесе барање за надоместок. Овој надоместок, кој може да изнесува од 500 до 5000 евра, се однесува на трошоци за медицински услуги и нега и е достапен за жртви на семејно и родово насилство, трговија со луѓе, и сексуални деликти.

Освен законските измени, потребна е континуирана едукација и сензибилизација на професионалците кои работат со жртвите – од полицијата до центрите за социјална работа. Не само со еднократни кампањи како 16 дена активизам или за 8 март, туку континуирано преку кампањи, преку едукација во образованието на младите и преку општи обуки за професионалци кои што во еден момент можат да имаат контакт со жена жртва на насилство. Дополнително, потребни се долгорочни и специјализирани сервиси за заштита на жртвите, што значи индивидуален пристап според потребите на секоја жртва, како и бесплатна правна и психолошка помош. Државата мора да превземе, не само да ги воспостави, туку и да ги одржува да се функционални тие специјализирани услуги.

Министерството за правда најавува и јавна дебата за измени во кривичниот законик, со цел вклучување на нови кривични дела, како демнеење, сексуално вознемирување и злоупотреба на нови таканаречени дипфејк технологии. Овие измени се насочени кон спречување и санкционирање на нови форми на насилство, за кои засега не постои соодветна правна заштита.

За една жена жртва да ја надмине финансиската зависност и да избегне враќање во насилни околини, потребно е жената жртва да има подолгорочна помош, домување, вработување, обучување, како и голема поддршка од семејството, пријателите и роднините, за да можат да биде финансиски стабилна и независна и да избегне враќање во примарната околина, односно кај сторителот на делото. Со цел зајакнување на жените, потребно е постојано да се спроведуваат активности за нивно економско јакнење преку кариерни совети и обуки за работни вештини, за да ја направи жртвата конкурентна.

Дискриминација на жените во општеството се јавува и во други сфери и форми, која е најмногу истакната кај ранливите категории на луѓе посебно во руралните средини – тука како пример ќе ги споменеме жените земјоделки кои се оставени без породилно боледување.

Целото интервју може да се погледне на линкот подолу:

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската