Граѓанските организации го засилуваат ангажманот за елиминација на дискриминацијата врз жените

Во текот на 2023г. тимот на Националната мрежа подготви Извештај во сенка за Поглавјата 7 и 8 од Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW), со поддршка на Националниот Демократски Институт (НДИ). Во финализирањето на Извештајот во сенка учествуваа граѓанските организации кои дадоа свои согледување на состојбата со дискриминација врз жените во политика, како и насилство врз жени во политика.

На 15-ти Септември беше организирана работилница на која присуствуваа 15 претставнички на женските граѓански организации. Целта на работилницата беше презентација на клучните наоди од извештајот, кои беа дискутирани заедно со учесничките, а подоцна се предложија заеднички препораки кои треба да ги содржи извештајот како предлог решенија кон презентираните предизвици. Учесничките на работилницата дополнително дадоа и своја рефлексија од секојдневната работа со женските права и дискриминација врз жените.

Беа презентирани и наодите од електронскиот прашалник за „Перцепција на жените во политичкиот и јавниот живот“ кој опфати и прашања за насилство врз жените во политика.

Претставничките на граѓанските организации ја изразија својата загриженост за општата состојба со дискриминација на жените во политичкиот и јавниот живот, немање транспарентност на институциите на сите нивоа во однос на нивната работа, состав, родово разделени податоци како и ниската застапеност на жените на одлучувачки позиции во државата. Особено загрижува малиот број на министерки, градоначалнички и носителки на листи во локалните изборни циклуси. Сепак, она што е исклучително важно и е фокус на овој извештај, се фактите што жените политичарки трпат разни форми на насилство како говор на омраза, дигитално насилство, навреди, вознемирување, закани и уцени, но и физичко и сексуално насилство.

Извештајот во сенка може да се проследи на овој линк.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Подготовка на Извештај во сенка за спроведување на CEDAW во Република Северна Македонија“, поддржан од Националниот Демократски Институт (НДИ).

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската