Кампања „ПОТПИШУВАМ“

Во рамки на проектот „Со заеднички напори – Кон нови европски стандарди за заштита на жените од родово базирано насилство“, се продолжува со спроведување на кампањата „Потпишувам“ чија цел е ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство. Покрај изработените флаери и видео спот, се спроведуваат и теренски активности за информирање на граѓаните за важноста од ратификација на оваа конвенција, како и состаноци со претставници од локалната самоуправа во рамки на градот Скопје. Кампањата истовремено се спроведува во пет земји од регионот и Австрија.

Кампањата е насочена на информирање на граѓанките и граѓаните за содржината на Кoнвенцијата. Таа треба да влијае на промени на свеста во целото општество, секој поеднинец, дека насилството (ниеден вид на насилство) не е правилен начин за решавање на проблемите. Кампањата ги информира граѓанките и граѓаните за обврските кои државата ги прeвземала со ратификување на Конвенцијата, а тоа подразбира сеопфатна заштита за спречување на насилството, гонење и казнување на стoрителите и делотворен и ефикасен систем на следење на примена на одредбите од Конвенцијата.

Повеќе информации за кампањските активности може да најдете на следниот линк: http://potpisuvam.org

Проектот се спроведува во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, а локални партнери покрај Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство се Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Здружение за еднакви можности „Езерка“ – Струга, Организација на жени на „Визија“- Кавадарци и Организација на жени на општина Пехчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската