Работна средба на тема ,,Обезбедување одржливост на Женски центар за поддршка Битола“

Денес во хотел Милениум во Битола, заедно со нашата партнерска организација – Здружение за еднакви можности „СЕМПЕР“,  организиравме  работна средба на тема „Обезбедување одржливост на Женски центар за поддршка – Битола“ – кој го  отворивме на 09.12.2022 година, а со финансиска поддршка на Општина Битола.

На работната средба присуствуваа претседателите на советите како и советници од општинските совети кои се дел од општините од Пелагонискиот регион и тоа од Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци.

Целта на оваа работна средба беше да се запознаат присутните со начинот на воспоставувањето и функционирање на Женски центар за поддршка – Битола, како и да се потенцира важноста од постоење на специјализираните сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Дополнително беа презентирани и видовите на услуги кои ги нуди советувалиштето, како и можностите и законските обврски на единиците на локалната самоуправа за обезбедување на финансиска средства за негова долгорочна одржливост.

Средбата заврши со заеднички договор, дека сите претставници ќе направат напори во рамки на своите општини да ги обезбедат потребните средства за обезбедување одржливост на советувалишниот центар.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Битола – Пелагониски регион во склоп на проектот „На патот кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од The Kvinna till Kvinna Foundation, а имплементиран од Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската