Работна средба со советничките од општина Тетово

На 2 декември во хотел Меркур во Тетово, тимот на Националната мрежа заедно со локалната партнерска женска организација Кортекс-Психотерапија и советување, одржаа заедничка работна средба со советничките од општина Тетово.

Во првиот дел од средбата беше презентирана состојбата со насилството врз жени и семејно насилство во Полошкиот регион, односно наодите од анализата што ја спроведе Кортекс, а која беше промовирана во мај оваа година.

По презентацијата се отвори дискусија за можностите за обезбедување на одржливост на Советувалишниот Центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство- Женски Центар за поддршка Тетово, кој се отвори во декември 2021 година со финансиска поддршка на Балканскиот фонд за демократија и Кралската амбасада на Норвешка во Белград, како и Словачката амбасада во Скопје. Имено, Женскиот центар за поддршка во Тетово е првиот специјализиран сервис од ваков тип во Полошкиот регион во кој се обезбедуваат услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство.

Дополнително во текот на дискусијата советничките беа запознаени со законските можности и обврски кои ги има локалната самоуправа во однос на воспоставување и обезбедување одржливост на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство. Заеднички беше договорено дека првиот чекор е вклучување на оваа ранлива категорија во програмите за социјална заштита на општините.

На средбите беа презентирани и финансиските средства кои се потребни да се обезбеди одржливост на еден советувалишен центар во времетраење од една година.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската