Промоција на „Анализа на состојбата со насилството врз жените и семејното насилство и пристапот до специјализирани сервиси за помош и поддршка во општина Велес“

Во хотел Интерконтинентал во Велес се одржа промоција на „Анализа на состојбата со насилството врз жените и семејното насилство и пристапот до специјализирани сервиси за помош и поддршка во општина Велес“ во која беа опфатени три општини од Вардарскиот регион и тоа Велес, Чашка и Градско. Истата беше подготвена од нашата партнерска организација Организација на жени на општина Велес . Целта на оваа анализата  е да се согледа фактичката состојба со достапните услуги за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во општина Велес, како и да понуди препораки и решенија за да се  унапредат постоечките системи и да се воспостават  нови  специјализирани сервиси.

Според добиените податоци од спроведеното истражување во 2021 година имало две убиства при семејно насилство во општина Велес. Истата година имало и два обиди за убиство при семејно насилство.

Во однос на достапните специјализирани услуги во општина Велес има еден Центар за згрижување со 2 семејни места. Согласно бројот на жители во општина Велес, општина Градско и општина Чашка, кој изнесува 65.000, треба да постои Центар за згрижување со најмалку 7 семејни места, а во целиот Вардарски регион не постои ниеден Кризен центар за жртви на сексуално насилство и силување.

Во општина Велес постои 1 советувалиштен центар кој има ограничени просторни и човечки ресурси.

„Жртвите на семејно насилство се опфатени во програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита преку обезбедување на еднократна финансиска помош. Но, општината во 2020 и 2021 има издвоено минимални буџетски средства за заштита на жртвите на семејно насилство, а нема  предвидено никаква финансиска поддршка за даватели на специјализирани услугиза жртви на семејно насилство кој најчесто се женски граѓански организации.

Согласно податоците, бројот на жтрви со телесна повреда при семејно насилство во 2021 е за 30% зголемен споредбено со 2020 година. Евидентираните настани за загрозување на сигурноста при семејно насилство се повеќе од дупло зголемени. Од овие податоци, може да се дојде до заклучок дека се повеќе жртви на семејно насилтсво се охрабруваат истото да го пријават до надлежниет институции, но останува отворено прашањето дали ја добиваат потребната помош и поддршка за да го напуштат насилникот и да започнат нов живот“. 

Целата анализа е достапна само на македонски јазик и може да се прочита на следниот линк.

Документот е подготвен во рамките на проектот „Воспоставување на сервис за психо-социјална поддршка на жени и деца жртви на семејно насилство” имплементиран од Организацијата на жените на Општина Велес, во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Фондацијата Квина тил Квина (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската