5-та обука за давателки на услуги во советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

Во рамките на серија обуки за давателки на услуги во советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, на 16 и 17-ти Јули 2022г., ја одржавме и последната 5-та обука на која учествуваа давателки на услуги од Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци, Велес, Куманово и  Радовиш.

На оваа обука учесничките ги надградија своите знаења за законската легислатива и практична примена на законите за заштита и поддршка на жени жртви на РБН и СН, како и постапувањето на институциите при пријава на случај на РБН и СН од жртвите.

Дополнително, беше опфатена работата со деца жртви на РБН и СН, како и обработка на повеќе студии на случај преку играње улоги во постапување со случаи. Последната обука им даде можност на учесничките да научат и нешто повеќе за границите меѓу професионалниот и приватниот живот, по што следување за заокружување на сите 5 обуки кои се спроведоа во 2020 и 2021г. Оваа активност е дел од проектот „Советувалишта за жени и деца жртви на РБН и СН“, финансиски подржан од Балканскиот Фонд за Демократија, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската