Ветувачки практики на воспоставување и обезбедување специјализирани услуги на поддршка за жени жртви на сексуално насилство

Предлог политиката има за цел да им послужи на националните креатори на политики и женските граѓански организации во Западен Балкан и Турција како алатка за учење при воспоставување и обезбедување услуги за поддршка на жените и децата жртви на сексуално насилство, кое може да се инкорпорира и во националната рамка за обезбедување услуги.

Со цел да се надминат идентификуваните недостатоци во регионот кои се однесуваат на обезбедување специјализирани услуги за поддршка на жртвите на сексуално насилство, предлог политиката става акцент на ветувачките практики што постојат и се спроведувани од женските граѓански организации и другите засегнати страни.  Понатаму, во документот се проценува потребата за специјализирана поддршка на жртвите на сексуално насилство, проширувајќи ги принципите, концептите и образложението кои лежат во основата на моделот за кризна интервенција при силување, делумно потпирајќи се на искуството и стандардите развиени во Ирска.

Документот е развиен со помош на две меѓународни експертки, Билјана Бранковиќ, консултант на Меѓународниот совет на Европа и група на експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство (GREVIO) Србија и Клиона Саидлеар, директорка на мрежата за поддршка на жртви на  силување (Rape Crisis Network Ireland).

Во неговата подготовка учествуваа 7 женски организации од Албанија, Косово, Турција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, партнерски организации на  Европската мрежа против насилство (WAVE).

Предлог политиката може да се прочита на македонски јазик на следниов линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската