Одржана работилница за Родово заснованото насилство и професионалните стандарди за новинарско известување

Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во соработка со Коалицијата Маргини и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно се одржа работилница на тема „Родово заснованото насилство и професионалните стандарди за новинарско известување“.

Извршната директорка на Коалицијата Маргини д-р Ирена Цветковиќ зборуваше за Интерсекцискиот пристап во третирањето на родово заснованото насилство,  правната советничка од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Ана Аврамоска Нушкова ја презентираше Постојната национална легислатива и системот на заштита на жени и девојки жртви на родово засновано насилство и семејно насилство. Експертката за медиуми д-р Марина Тунева пред присутните го образложи Прирачникот за родово сензитивно известување во медиумите, додека помошник-раководителката на Секторот за програмски работи во АВМУ м-р Емилија Петреска-Камењарова се осврна на Водичот на АВМУ за мониторинг на известувањето за родово заснованото насилство.

Оваа работилница беше наменета за новинари и на неа присуствуваа претставници од националните радија и телевизии.

Презентациите од работилницата може да ги погледнете на следните линкови:

д-р Ирена Цветковиќ 

Интерсекциски пристап во третирањето на родово заснованото насилство

Ана Аврамоска Нушкова

Национална легислатива и системот на заштита на жени и девојки жртви на родово засновано насилство и семејно насилство

д-р Марина Тунева

Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите

м-р Емилија Петреска-Камењарова

Водич на АВМУ за мониторинг на известувањето за родово заснованото насилство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската