Во периодот од Септември до Декември 2021г. тимот на Националната мрежа спроведе 6 регионални обуки за професионалци од Центрите за социјална работа на тема: Реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на родово базирано и семејно насилство. На сите 6 обуки беа обучени вкупно 78 професионалци од 18 Центри за социјална работа од следниве градови: Скопје, Тетово, Гостивар, Свети Николе, Кочани, Крушево, Македонски Брод, Струга, Струмица, Штип, Неготино, Радовиш, Делчево, Гевгелија, Прилеп, Битола, Кавадарци и Велес. Вкупно имаше 68 жени учеснички и 10 мажи учесници. Дополнително, на обуките учествуваа и 10 претставници на Заводот за социјални дејности.
Професионалците кои директно работат со родово базирано и семејно насилство имаа можност да стекнат знаења и вештини за нивните надлежности и постапување во процесот на реинтеграција и рехабилитација, формите на насилство врз жени, како и законската рамка и граѓанскиот дел на системот на заштита на жени и деца жртви на насилство. Дополнително, сите учесници поминаа неколку практични вежби за постапување во конкретни постоечки случаи на насилство и примена на реинтеграција во нивната работа.
Согласно пред/ пост тестовите кои ги пополнија сите учесници, постигнато е зголемување на нивните знаења за 21%.
Обуките се спроведоа по следниов распоред:
1. 20-22 Септември 2021, Х. Панорамика – Скопје, 11 учесници од ЈУМЦСР Скопје, ЈУМЦСР Тетово, ЈУМЦСР Гостивар и ЈУМЦСР Свети Николе;
2. 04-06 Октомври, Х, Милениум – Битола, 14 учесници од ЈУМЦСР Скопје, ЈУЦСР Крушево, ЈУЦСР Македонски Брод и ЈУМЦСР Струга;
3. 12-14 Октомври 2021г, Х. Вила Парк – Струмица, 14 учесници од ЈУМЦСР Скопје, ЈУМЦСР Струмица, ЈУЦСР Неготино, ЈУМЦСР Радовиш и ЈУМЦСР Гевгелија;
4. 15-17 Ноември 2021, Х. Романтик – Велес, 15 учесници од ЈУМЦСР Скопје, ЈУМЦСР Штип, ЈУМЦСР Велес, и ЈУМЦСР Кочани;
5. 22-24 Ноември 2021, Х Романтик – Велес, 13 учесници од ЈУМЦСР Скопје, ЈУМЦСР Прилеп, ЈУМЦСР Кавадарци и ЈУМЦСР Велес;
6. 13-15 Декември 2021, Х. Романтик – Велес, 12 учесници од ЈУМЦСР Скопје, ЈУЦСР Делчево, ЈУМЦСР Кавадарци и ЈУМЦСР Битола.

Обуките се спроведоа во партнерска соработка со Заводот за социјални дејности и согласност од Министерството за труд и социјална политика. Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).




