Во текот на Септември 2021г. се одржа првата обука за професионалци од Центрите за социјална работа на тема: Реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на родово базирано и семејно насилство. На првата обука учествуваа 11 претставници од Центрите за социјална работа во Скопје, Тетово, Гостивар и Свети Николе, кои се обучуваа за постапување во процесот на реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на РБН и СН, во рамките на надлежностите на Центрите за социјална работа.
Ова е првата од 6 вакви обуки кои ќе опфатат над 15 Центри за социјална работа од целата држава. Учесниците на обуките ќе се едуцираат формите на насилство врз жени, што е реинтеграција и како се применува, која е законската рамка и граѓанскиот дел од системот за заштита на жени и деца жртви на насилство, како и кои надлежностите на Центрите за социјална работа. Обуките се интерактивни каде учесниците имаат можност со практични вежби да научат нешто повеќе за нивното постапување во конкретни случаи на насилство врз жени и примена на процесите на реинтеграција и рехабилитација кај оваа ранлива категорија.
Обуките се спроведуваат во партнерска соработка со Заводот за социјални дејности и согласност од Министерството за труд и социјална политика. Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).




