Координативен состанок со партнерски организации

На ден 03.11.2021 година во хотел Солун-Скопје се одржа првиот координативен состанок со петте избрани организации да бидат поддржани преку Програмата за финансиска поддршка на женски организации, женски неформални групи и иницијативи и индивидуалки.

СЕМПЕР од Битола, Организација на жени на Општина Велес, Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА од Кавадарци, Национален ромски центар од Куманово и КОРТЕКС од Тетово се организациите со кои тимот на Националната мрежа почна процес на заедничко застапување за воспоставување на специјализирани сервиси за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство на локално ниво.

Во првиот дел од состанокот се дискутираше за иницијалните активности спроведени од почетокот на проектите, додека вториот дел беше посветен на предизвиците, планирање на следни чекори, иницијативи за застапување, финализирање и промоција на анализите кои треба да бидат подготвени и да ја претстават актуелната состојба со насилството врз жените на локално ниво.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“,  финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската