5 теми со 5 психолози: Како да изградиме релации без насилство – серија бесплатни онлајн работилници

Насилството не секогаш се манифестира на ист начин, ниту секогаш е лесно препознатливо. За да ѝ помогне на јавноста да ја разбере комплексната динамика на насилството и да ги зајакне своите најблиски релации, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство организираше серија онлајн работилници со пет различни психотерапевтки, препознаени по својата долгогодишна работа со жртви на насилство. На насилството му пристапивме од следниве аспекти:

  1. [23.11.2023] Од меден месец до страдање: Што е семејно насилство и каква е неговата динамика?

Првата работилница го претстави кругот на насилството, различните видови насилство и улогите во насилниот акт. Работилницата го разви чувството на емпатија кај присутните, кои добија подобра претстава за дилемите и предизвиците со кои се соочуваат жртвите кога сакаат да ја напуштат насилната средина. Работилницата ја водеше Деспина Стојановска, лиценциран психолог, системски и семеен психотерапевт и професионална обучувачка на возрасни со долгогодишно искуство во психотераписка работа со семејно и врсничко насилство и зависности.

  1. [30.11.2023] Родителство во време на криза: Кризата во партнерството како можност за поврзување меѓу родителите и децата

Втората работилница даде важни насоки за тоа како да се биде подобар и посвесен родител додека семејството се соочува со криза. Присутните родители беа посоветувани како да ги одберат вистинските зборови за да покажат разбирање за своите деца и да ги поштедат од чувството на напуштеност, невидливост, оптовареност и грижа на совест. Работилницата ја осмисли и спроведе Радмила Живановиќ, лиценциран психолог, психотерапевт, тренер и супервизор (EAGT/ECP), кариерен советник (GCDF) и ЕМДР практичар (EMDR Europe).

  1. [07.12.2023] Тинејџерските врски и нивните „црвени знамиња“: Кои се ризичните тактики и однесувања во тинејџерските партнерски релации?

Иако „црвените знамиња“ се слични во сите врски без разлика на возраста на партнерите, тинејџерите се во многу ранлива возраст кога интимните релации се особено важни за градењето на личноста. Затоа третата работилница се фокусираше на нивните партнерски врски, а учесниците имаа можност да проанализираат неколку различни ситуации и да проценат дали се работи за здрава, нездрава или насилна врска, да одлучат кои принципи на добра врска биле прекршени и кои постапки на различните актери би можеле да ја поправат ситуацијата. Групата ја водеше Фросина Ивановска, психотерапевтка во нашиот Женски центар за поддршка – Скопје и магистер по психолошки науки со 14-годишно работно искуство во областа на родовото и семејното насилство.

  1. [14.12.2023] Од агресивност до асертивност: Ненасилна комуникација за справување со интензивните емоции на децата

На четвртата работилница беа изложени корисни техники и практични примери за асертивно изразување на нашите ставови и потреби. Како клучна алатка за здрава комуникација беа претставени „јас“-пораките, со кои поаѓаме од себеси во изразувањето на своите забелешки и потреби наместо да ги посочуваме недостатоците на другиот. Оваа работилница ја спроведе Ирена Жунгулова, психотерапевтката за деца во нашиот Женски центар за поддршка – Скопје, која е членка на Европската асоцијација за Гешталт психотерапија – ЕАГТ, како и коавторка, изведувачка и координаторка на работилниците за стимулација на психомоторниот детски развој „Стимулативна игра“. 

  1. [21.12.2023] Митови и факти за родителското отуѓување: Како да се излезе од насилната средина без децата да се чувствуваат напуштено

При раскинувањето на насилните врски и бракови, децата честопати стануваат оружје за пресметка помеѓу поранешните партнери, што ги отуѓува од едниот или од другиот родител. На ова прашање се осврна последната работилница од серијата, раководена од Андромахи Наумовска, лиценциран психолог и психотерапевт вработен во Службата за ментално здравје за деца и млади при Здравствен дом – Скопје, како и специјалист по медицинска психологија на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Работилниците се спроведува во рамките на проектот „Советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство“, финансиски поддржан од Град Скопје, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Премостување на јазот во економското зајакнување на жените и девојките во С. Македонија – Достапни можности, мерки, предизвици и препораки

Дали жените имаат еднакви можности за финансиско осамостојување? Со кои предизвици се соочуваат? Заедно со Здружението за еднакви можности – Мрежа Стела, на 10-ти Октомври

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектна координаторка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: