Годишен извештај на WAVE за состојбата со специјализирани сервиси во земјата

Како и предходните години, Националната мрежа беше вклучена во подготовката на сумарниот извештај за состојбата со сервисите за поддршка за жени жртви на родово базирано насилство на европско ниво. Извештајот го подготвува Европската мрежа против насилство врз жени (WAVE) и опфаќа 46 земки во Европа, односно 28 земји членки и 18 земји кои не се членки на Европската Унија. Извештајот дава преглед на ситуацијата со сервисите за поддршка и обезбедува статистички информации за бројот на засолништа за жени, женски центри за поддршка,  национални СОС линии и специјализирани сервиси за жртви на сексуално насилство.

Како резултат на големиот број на податоци кои беа прибрани, беше овозможено да се идентификуваат пропустите во оебзбедувањето на сервиси за поддршка и нивна усогласеност со стандардите на Истанбулската Коневнција. Дополнително во извештајот се вклучени индивидуални профили на 46 земји кои беа вклучени во подготовката на овој документ.

Целиот извештај може да се најде на следниот линк.

Клучните наоди од извештајот во однос на дистрибуцијата на сервиси за поддршка на жени жртви на насилство во земјите членки на ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ се преставени во посебен документ – листа на факти кој може да се најде на следниот линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската