Што по донесувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство?

Република Северна Македонија направи важен чекор во имплементацијта на Истанбулската конвенција со подготовката на нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство. Законот се очекува да биде усвоен во Јануари 2021 година и ќе биде првиот закон што ќе се осврне на сите форми на насилство врз жените, вклучително и родово насилство и семејно насилство.

Овој закон е исто така првиот закон што регулира Реинтеграција на жени жртви на насилство. Имено во член 99. Реинтеграција на жени жртви законот предлага Програма за реинтеграција каде што треба да се обезбедат следниве услуги: привремено домување, психолошко советување со менторство, разни видови финансиска помош специјално наменета за жени жртви на насилство, можности за образование и обука од различни области, како и утврдени мерки за вработување со закон. Според Член 99, надлежните институции ќе бидат обврзани да ги препознаваат жените жртви на насилство како посебна ранлива категорија и да развиваат програми и мерки во согласност со специфичните потреби на жените жртви на насилство.

Сепак, усвојувањето на законот е само еден чекор од многу што треба да се спроведат во следниот период. Од особена важност е развивање на Програма за реинтеграција на жени жртви на насилство која ќе биде апликативна и остварлива на локално ниво, како и алоцирање одржливи финансии за оваа намена.

Овој документ ги наведува потребните чекори кои треба да се преземат во следните 6 месеци по усвојувањето на Законот, а со цел успешно спроведување на процесите поврзани со реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство и семејно насилство.

Документот е достапен на овој линк.

Документ е подготвен во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во