Овој извештај е поддржан од Европската мрежа против насилство врз жени (WAVE Network) дава преглед на моменталната состојба со имплементацијата на Конвенцијата во секоја од земјите, при тоа фокусирајќи се на членови кои се најдобро имплементирани, членови за кои постои најголем предизвик во имплементацијата, како и на средствата кои секоја од Владите ги одвоила за поддршка на женските граѓански организации кои обезбедуваат сервиси за жени жртви на насилство. Националната мрежа против насилство учествуваше во подготовка на овој извештај. Целосниот извештај може да го најдете на следниот линк.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?
Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско


