3-дневна обука на тема „Одговор на антифеминистичкото движење во Македонија“

На 14, 15 и 16 Март 2022г. во Струмица се спроведе обука на тема: Одговор на антифеминистичкото движење во Македонија„ на која учествуваа 13 претставнички на женски граѓански организации и активистки за женски права.

Целта на обуката беше преку работа на конкретни примери учесничките да ги продлабочат своите знаења за почетоците и влијанието на антифеминистичкото движење во Европа и Македонија, главните актери и носители на движењето, како и да ги зајакнат своите знаења и капацитети во насока на развивање на соодветни стратегии како да се даде најсоодветен одговор на овие движење.

Обуката ја фасилитираше Мила Царовска, која преку 6 сесии опфати повеќе теми: што се антиродови движења и кои се застапени во Македонија и Европа, кои се антиродовите актери, што е родова идеологија, како антифеминизмот е поврзан со десниот популизам, кои се пристапите и стратегиите кои ги користат антифеминистичките движења, како и кои се стратегиите кои може да се применат како одговор на антифеминистичките движења.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Фондацијата Квина тил Квина (The Kvinna till Kvinna Foundation), кој го спроведува Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската