25.01.2019: Усвоена Резолуција за правата на жените во Западен Балкан

Комитетот за правата на жените и родова еднаквост (ФЕММ) на Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата на хрватската европарламентарка Билјана Борзан за правата на жените во Западен Балкан. Резолуцијата беше усвоено со тесно мнозинство гласови и е првиот документ усвоен во последните пет години во кој Европскиот парламент дава препораки за поголеми права на жените во регионот.

Главната авторка на Резолуцијата, хрватската претставничка Билјана Борзан, која ја изработи резолуцијата во соработка со низа невладини организации, и која со години се залагаше за нејзино усвојување, смета дека овој документ го насочува вниманието на Европа на жените од Западен Балкан и им обезбедува поголем степен на заштита од насилство.

„Најмногу се фокусирав на насилството врз жените. За жал, насилството е горлив проблем во регионот. Соочени сме со недоволен број засолништа, неквалификуван кадар за работи со жртвите, бавно правосудство и, што е најлошо, примери на непријавување на случаите на насилство“, изјави Борзан.

Во својата резолуција, Борзан се осврнува и на лошата позиција на жените на пазарот на трудот. Според неа, жените се континуирано во полоша позиција на пазарот на трудот во споредба со нивните машки колеги, независно од нивните често повисоки академски постигнувања.

Резолуцијата е порака за земјите од Западен Балкан кои аспирираат кон  членство во Европската унија дека состојбата на жените жртви на насилство во регионот е очајна и неприфатлива, и мора да се промени.

Во текстот на резолуцијата се даваат конкретни препораки за сите земји кои аспирираат да станат членки на Европската унија. Конкретно, во Точка 31 од делот кој се однесува на Македонија се истакнува значењето од поголемото учество на жените и жените и женските организации во претпристапниот процес.

Предлог барањето за резолуцијата може да го прочитате на линкот подолу:

http://www.europarl.europa.eu/meetdocs/2014_2019/plmrep/COMMITTEES/FEMM/DV/2019/01-23/1163876ENdraftmotionforresolutionWomensrightinWesternBalkans_EN.pdf

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во