Еден месец од доживотната казна затвор за насилник кој уби жена, која претходно ја малтретирал. Убиецот се жали на пресудата зашто го признал делото. Го судеа за убиство, иако се инсистираше на фемицид – зошто?
Гости се Габриела Гајдова судијка во Апелацискиот суд Суд – Скопје, Спасенка Андонова обвинителка во ЈО Скопје, Елена Димушевска Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Сабина Ѓапо АИРЕ центар.



