Валидациски средби за наодите од истражувањето и препораките за унапредување на системот за заштита на децата жртви на насилство

На 14-ти, 15-ти и 23 март 2018 година беа одржани три валидациски средби со претставници од релевантните министерства и институции кои работат на проблематиката на насилство врз деца. Цел на средбите беше презентација и дискусија за наодите и препораките добиени од истражувањето за постапување во случаи на насилство врз деца во системот за заштита на децата.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во партнерство со Kанцеларијата на УНИЦЕФ, спроведe студија за Идентификување и проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на насилство врз деца, во рамките на системот за заштита на децата. Спроведувањето на студијата беше финансиски поддржано од Европската Унија, а кофинансирано од УНИЦЕФ, во рамките на регионалниот проект за заштита на децата од насилство и за инклузија на децата со попреченост.

Првата средба на 14.03.2018 г. беше со претставници од центрите за социјални работи и МВР, втората (15.03.2018) со претставници од Министерство за здравство и Министерство за образование и наука, а третата средба (23.03.2018) беше со претставници од секторот правда – Народен правобранител и ОЈО.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската