23.01.2017: Јавен повик за ангажирање на помошници истражувач(к)и за спроведување на Национална студија за насилство врз деца во РМ

Повик за пријавување: Помошници истражувач(к)и за спроведување на Национална студија за насилство врз деца во РМ

Очекувано времетраење на ангажманот за секој истражувач: 30 дена

Почеток на ангажманот: Февруари, 2017

Општи информации

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, како партнер на Канцеларијата на УНИЦЕФ во РМ во имплементација на проектот “Заштита на децата од насилство и промовирање на социјална инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од УНИЦЕФ, започнува со активности за спроведување на Национална студија за насилството врз децата.

За потребите на спроведувањето на студијата, Националната мрежа објавува повик за ангажирање на 18 лица за прибирање и внес на податоци – помошници истражувач(к)и.

Работни задачи

A. Цел на ангажманот

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ќе ангажира 18 лица да работат на собирање и внес на податоци и да го поддржат целокупното спроведување на Национална студија за насилството врз децата во РМ.

B. Опис на работни задачи:

Под супервизија на националните консултанти и канцеларијата на УНИЦЕФ и под водство на меѓународен консултант, од помошниците истражувач(к)и, се очекува да ги реализираат следните задачи:

• Да учествуваат на обука за прибирање на податоци за потребите на студијата, водена од меѓународен консултант. Обуката ќе се реализира во текот на месец Февруари и присуството на истата е задолжително!

• Прибирање на потребните податоци користејќи ги насоките и истражувачките материјали подготвени од националните консултанти во соработка со меѓународниот консултант.

• Организирање на состаноци со релевантните засегнати страни за потребите на студијата.

• Внес на податоци.

• Учество на состаноци за валидација на наодите од студијата со релевантните засегнати страни.

• Учество на конференција за промоција на националната студија за насилство врз деца.

• Учество на 3 настани за промоција на наодите од студијата на локално ниво.

Лицата кои ќе аплицираат на овој повик треба да ги исполнуваат следните критериуми:

1. Да имаат завршено најмалку високо образование во општествените науки

2. Да имаат искуство од минимум 3 години на проекти/истражувања/анализи релевантни за темата

Од кандидатите кои ќе се пријават се очекува да бидат спремни за работа на терен и работа во тимови.

Сите заинтересирани потребно е да испратат биографија најдоцна до 29.01.2017 година (недела) на емаил: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk 

За сите дополнителни прашања контактирајте ја Зурија Саит на 071 268 117 или на zurija@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости