22.06.2021: Конкурс за ангажирање на правничка во Советувалишен центар за жени и деца жртви на родово базирано насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Правна советничка во Советувалиште за жени и деца жртви на насилство и семејно насилство – Тетово:

1. Кандидатките треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Диплома од завршен правен факултет
  • Работно искуство во граѓански организации (најмалку 5 години)
  • Работно искуство во полето на родово базирано насилство и семејно насилство, како и насилство врз деца (најмалку 3 години)
  • Познавање на националното законодавство и механизми за заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство
  • Изградени  вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
  • Одлични познавања на македонски и албански јазик
  • Самоиницијативност
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
  • Место на живеење Тетово или околината

Како предност ќе се смета:

  • Искуство во директна работа со клиенти/ки
  • Нудење на правна помош на ранливи групи на граѓани
  • Положен правосуден испит

2.Опис на ангажманот: Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за обезбедување правно советување на жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, изготвување и проследување на правни акти до надлежни институции поврзано со постапување во случаи на родово базирано насилство и семејно насилство, согласно националното законодавство и усогласеност со Истанбулската Конвенција. Дополнително, кандидатката ќе биде одговорна за документирање случаи на родово базирано насилство и семејно насилство врз жени. Ангажираната кандидатка очекувано  е да воспостави соработка со адвокатката и да ги следи случаите кои ќе се процесуираат на суд.

3. Обем на ангажманот: Ангажманот предвидува работно време 09.00-17.00 секој работен ден, со паричен надоместок од 30.750 денари во бруто износ.

Најдоцна до 16.30 часот 5 Јули 2021 година заинтересираните кандидатки треба да достават:

– скенирана копија од дипломата за завршено образование

– кратка биографија

– најмалку една препорака од претходните работни места

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Правна советничка Тетово “ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на