Самостојни работилници на учесниците на тренингот за врсничка едукација на тема „Родова Демократија“

Како дел од проектот „Од родова Нееднаквост до Родова Демократија“ поддржан од Schuller Helfen Leben, средношколците, учесници на првиот тренинг како follow up активност, по завршувањето на тренингот организираа и спроведоа самостојни работилници како врснички едукатори на тема „Родова Демократија“.

Врсничките едукатори одржаа работилници во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Битола. На работилниците присуствуваа повеќе од 250 млади средношколци.

Учесниците спроведоа самостојни работилници на теми поврзани со Родова демократија и тоа: родови стереотипи и предрасуди, родово базирано насилство, родова дискриминација, насилство во интимни врски, дискриминаација,  род, пол, родова социјализација и родови улоги,  и родова демократија.

Врсничката едукација се покажува како ефективна метода, особено за сензитивни теми како родовата демократија. Праксата покажува дека дека младите луѓе полесно прифаќаат нови вредности доколку информациите доаѓаат од нивните врсници, кои ги перцепираат како слични на нив, наспроти возрасните едукатори. Во македонското општество кое наместо кон прогрес, години наназад претендира да регресира во поглед на родовата демократија обучувањето на врсничките едукатори е сосема оправдано и неопходно.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости