21.12.2020: Отворен Конкурс за ангажирање на правна советничка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Правна советничка:

Кандидатките треба да ги исполнуваат следните квалификации:

Диплома од завршен правен факултет

Работно искуство во граѓански организации (најмалку 5 години)

Работно искуство во полето на родово базирано насилство и семејно насилство, како и насилство врз деца (најмалку 3 години)

Познавање на националното законодавство и механизми за заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство

Изградени  вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)

Одлични познавања на македонски и англиски јазик

Самоиницијативност

Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи

Како предност ќе се смета:

Искуство во директна работа со клиенти/ки

Нудење на правна помош на ранливи групи на граѓани

Положен правосуден испит

Познавање на албански јазик или некој од јазиците на малцинствата

Опис на ангажманот: Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за обезбедување правно советување на жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, изготвување и проследување на правни акти до надлежни институции поврзано со постапување во случаи на родово базирано насилство и семејно насилство, согласно националното законодавство и усогласеност со Истанбулската Конвенција. Дополнително, кандидатката ќе биде одговорна за документирање случаи на родово базирано насилство и семејно насилство врз жени.

Обем на ангажманот: Предвидено е избраната Правна советничка да работи 25 часа неделно, секој работен ден од 10.00ч. до 15.00ч. Предвиден надомест за ангажманот е во износ од 24.500 бруто.

Најдоцна до 30 декември 2020 година (среда) заинтересираните кандидатки треба да достават: кратка биографија и две препораки од претходни работни места.

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за правна советничка“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил aдреса:  konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската