18.10.2019: Извештај од анкета за функционирањето и односите со јавноста на Мрежата

Во периодот јули – септември 2019 година, во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство беше спроведена анкета за нејзиното функционирање  и односите со јавноста. Основната цел на анкетата беше да се сондираат мислењата, ставовите, перцепциите и искуствата поврзани со внатрешната комуникација и соработка во Мрежата и тоа, на организациите-членки, на вработените во извршната канцеларија и на организациите кои ја напуштиле Мрежата.

На ден 18.10.2019 година со почеток во 10.00 часот во Х. Дувет – Скопје се одржа работна средба со членките на Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, каде се презентираше Извештајот од спроведената анкета за функционирањето и односите со јавноста на Мрежата. Со анкетата беа испитувани и видувањата на организациите кои ја напуштиле Мрежата. Анкетата беше составена од структуирани прашалници кои ги подготви и спроведе надворешната консултантка Билјана Бејкова од Скопје, ангажирана од фондацијата Квина тил Квина, која по спроведените анкети го подготви Извештајот.

На средбата беа договорени и следните чекори кои треба да бидат превземени во насока на унапредување на работата на Мрежата.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската