Меѓународна конференција „Како женското движење влијае на државната политика“

Автономниот женски центар на 11 и 12 Ноември организираше меѓународна конференција на тема „Како женското движење влијае  на државната политика“. Конференцијата се одржа во главната сала на Стопанската комора во Белград, Србија. Поканети беа претставнички од 27 женски невладини организации од регионот (Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија) и Австрија. Овие организации се партнери на заеднички проект поддржан од Европска Унија, а целта е промоција на придобивките од Истанбулската Конвенција. Националната мрежа како партнерска организација беше поканета и присуствуваше на конференцијата.

Покрај панел сесиите посветени на состојбата со женските невладините организации во регионот и можности за нивно подобрено функционирање, беа дискутирани прашања поврзани со насилството врз жените меѓу кои: „Воспоставување на одржливи сервиси раководени од женски организации – искуства на глобално ниво“, „Насилство врз жените и одговорот на државата“.

На конференцијата беше промовирана кампањата „ПОТПИШУВАМ“ која во следната година ќе биде спроведена во шесте држави – партнери во проектот. Официјална веб страна на кампањата е  http://potpisuvam.org/

Покрај оваа, на 10 Ноември во Собранието на Република Србија беше организирана еднодневна конференција посветена на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство (Истанбулска конвенција).

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската