16.10.2017: Повик за прием на нови членки

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство објавува повик за прием на нови членки. Мрежата е отворена за сите организации и поединци кои делуваат врз сите облици на насилство врз жената вклучувајќи и семејно насилство.

За прием во членство на Mрежата, заинтересираната организација мора да ги исполнува следните услови:
• Да делува како правен субјект најмалку 2 (две) години;
• Активно да делува во областа на заштита од насилство врз жените и/или семејното насилство во последните 2 (две) години;
• Да ги прифати принципите и правилата за работа на Националната мрежа;

Доколку заинтересираната организација е веќе постоечка мрежа, ќе биде третирана како поединечна организација.

Заинтересираната организација доставува писмо на намера и барање за прием со кое се приложува:
– Писмена документација која ги потврдува горенаведените услови (Решение од Централен регистар, Годишен план за работа на организацијата и CV на организацијата);
– Две препораки од релевантни чинители;
– Писмена изјава за прифаќање на принципите и правилата за работа на Мрежата.

Целокупната документација треба да биде потпишана и заверена од страна на овластениот застапник на организацијата.

За прием во членство на Mрежата, заинтересираниот поединец мора да ги исполнува следните услови:
• Активно да делува во областа на заштита од насилство врз жените, вклучително и семејното насилство;
• Да не обавува јавна функција во политичка партија;
• Да ги прифати принципите и правилата за работа на Мрежата.

Заинтересираниот поединец доставува писмо на намера и барање за прием со кое се приложува:
– CV;
– Писмена изјава за прифаќање на принципите и правилата за работа на здружението.
Целокупната документација треба да биде потпишана од страна на апликантот за членство.

Потребните документи доставете ги електронски на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk  или поштенски на ул. Христо Смирненски бр.16А, 1000 Скопје, најдоцна до 19.10.2017 (четврток), 12:00h.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости