Школа за женски активизам

Националната мрежа со поддршка на општина Центар организираше Школа за женски активизам. Целта на оваа активност беше зголемување на знаењата на девојките на возраст од 15 до 18 години за теми поврзани со родова еднаквост и родово базирано насилство.

Работилниците се оддржуваа за викенди во текот на месец октомври и ноември. Школата ги опфати следните теми: Родови идеали, родови стереотипи, дискриминација, моќ, привилегија и еднаквост, родово базирано насилство и женски активизам. На секоја од работилниците присуствуваше по една предавачка/гостинка, феминистка од некоја од женските организации. Последниот викенд беше направена прошетка низ територија на Општина Центар, во која тимот на мрежата заедно со учесничките на школата утврдуваа родови проблеми, а во остатокот на работниот ден беа развивани родови иницијативи.

Како резултат на заедничка дискусија произлегоа две иницијативи: Одржување на врсничка едукација  (секоја од кандидатките во школото во кое учи, односно во нејзиното одделение) и Снимање на видео за утврдување на родова дискриминација.

Откако беа завршени и активностите кои произлегоа од родовите иницијативи, односно беа завршени врсничките едукации, и беше снимено и монтирано видеото за утврдување на родова дискриминација, на секоја од учесничките им беа доделени сертификати за учество во Школата за женски активизам.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската