12-то годишно Собрание на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

На 12ти Април 2023г. во Социјален клуб – Комитет во Скопје, се одржа 12-то годишно Собрание на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Една од клучните теми кои се дискутираа на овогодинешното собрание беше борбата за женските права под влијание на анти-родовите движење кои земаат сè поголем замав, и како тоа се одразува на родово базираното и семејното насилство. 

Присутните членки се согласија дека Мрежата мора да има силно и активно членство, за да може силно и активно да делува на полето на заштита на женските права како и заштита на жените од родово базирано и семејно насилство. За таа цел потребно е зголемување на капацитетите на Мрежата преку организирање обуки и работилници на овие теми, изготвување на стратегија за понатамошно делување и активно вклучување на сите членки во овие активности.

Собранието изгласа и прием на 3 нови членки кои во изминатиот период поднесоа барање за членство во Мрежата, а тоа се: Здружение на психолози, советувачи и психотерапевти КОРТЕКС – Тетово, Хуманитарно здружение “Мајка”-Куманово и Македонско здружение на млади правници.

Согласно агендата, беа изгласани и усвоени наративните и финансиските извештаи за 2020, 2021 и 2022година, со оглед на тоа што за 2020 и 2021 година не се одржа годишно собрание поради состојбата со КОВИД 19.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската